Независната пратеничка група на ВМРО: Јавноста да биде дел од прашањата за изборниот законик
Независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста, бараат место во работните групи за измени на изборниот законик.
- Осумката од ВМРО ДПМНЕ, согласно своите заложби и принципи за конкретни чекори кои ќе придонесат кон демократизација на општеството и со тоа, позадоволни граѓани, бара место во работните групи за измени на изборниот законик. Функцијата на Собранието во парламентарна демократија каква што е и Северна Македонија треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата, стои во соопштението.
Велат никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа