Ѓорчев во Лондон: ВМРО-ДПМНЕ силно соработува со Конзервативната партија, ИДУ и Вестминстер фондацијата
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и секретар за меѓународна соработка Владимир Ѓорчев во периодот 20 - 22 јуни во Лондон присуствуваат на конференција на ИДУ (Меѓународната демократска унија) и Конзервативната партија на Велика Британија во соработка со Вестминстер фондацијата.
Конференцијата во Лондон ја отворија генералниот секретар на ИДУ Кристијан Катнер и Карлота Реди, директор за меѓународни односи на Конзерваривната партија на Велика Британија.
На конференцијата присуствуваат голем број на пратеници и секретари за меѓународна соработка на конзервативните партии од светот кои припаѓаат на десниот центар.
ВМРО- ДПМНЕ долги години соработува со Вестминстерската фондација за демократија и Конзервативната партија на Велика Британија, а двете партии се членки на ИДУ, најголемата светска организација на партии на десниот центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа