„Глас за Македонија“: Гоце Делчев е предаден по втор пат
Партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева најостро реагира на изјавите на претседателот Пендаровски и на премиерот Заев во врска со македонскиот револуционер Гоце Делчев и бугарските политички провокации.
„Неспорна историска вистина е дека вам господине Пендаровски, како актуелен претседател на македонската држава, не ви се при срце и свест интересите на македонскиот народ од кого потекнуваат и најголемиот број на граѓани. Истава забелешка ја упатуваме и до Заев, премиерот (северен)“, се наведува во партиското соопштение.
„Историска вистина е дека Гоце Делчев е македонска револуционерна личност, која живеела во османлиски прилики, бил, нејзин поданик (државјанин), а според признатата религиозна власт, патријаршиска или егзархиска се определувал кон ‘Булгар’ милетот (впрочем така се определувале и дел од тогашните Срби, Албанци, Власи и др.) Ако грешиме, прашајте ги историчарите во Турција (кои се наследници и проучувачи на османлиските архиви)“, посочуваат од партијата на Грчева.
Обраќајќи се до Заев и Пендаровски од „Глас за Македонија“ велат дека лошо во целата ситуација е тоа што и оние кои треба да ги советуваат, неуко ги информираат.
„Македонската историска јавност не ја претставуваат вашите избрани комисисти, по вокација историчари“, сметаат од партијата и додаваат дека ги осудуваат и сите оние кои молчат за овој чин кој го квалификуваат како предавство на делото на Гоце Делчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа