СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ помирете се дека довербата во МВР расте

 

СДСМ денеска со соопштение за јавноста, за политиките на опозицијата.

- ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажните вести треба да се извини за лагите што секојдневно ги шири. Опозициската партија вчера бесрамно лажеше дека бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, додека во реалноста бројката е далеку помала, велат од СДСМ.

 

Додаваат дека во скапоцениот дворец немаат никаков кредибилитет да зборуваат за професионални институции.

- ВМРО-ДПМНЕ е заробена во матрицата на злоупотреби и притисоци кон институциите и затоа оваа партија е против процесот на ветинг во полицијата, против професионализација на институциите. Наместо по навика да лажат, ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират дека довербата во МВР се зголемува, а полицијата функционира како вистински пријател и заштитник на граѓаните, завршуваат СДСМ во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега