СДСМ: Василевска и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите невистини што ги пласираат со денови

 

Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што е асоцијација за криминал, наместени тендери и огромни провизии  е симбол за ширење на лаги и невистини на штета на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

„Последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ е сценариото за јавната набавка за М-Нав која денеска беше целосно разобличена.

Дури и Иванка Василевска самата се заплетка во сопствените лаги. Вчера пред Јавното обвинителство на јавна прес конференција Василевска соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ поднесува материјали, а не кривична пријава до Јавното обвинителство. Денеска, по само 24 часа таа прашува од каде некој знаел што поднело ВМРО-ДПМНЕ до ЈО.

Кога лажеше Василевска? Вчера кога соопшти дека поднесува материјали, или денеска?

Фатени во лага, Мицкоски, Василевска и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите невистини што ги пласираат со денови.

Откако се потврди дека јавната набавка за М-Нав е реализирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,  Иванка Василевска треба да постави неколку прашања на адреса на ВМРО-ДПМНЕ.

Како ВМРО-ДПМНЕ влијаела на јавната набавка на М-Нав?

Како таткото на Никола Попоски тогашен министер за надворешни работи, Живко Попоски, станал претседател на Управен одбор на М-Нав кој воедно е и потписник на јавната набавка.

Мицкоски наместо да се крие зад прес-конференции на кои се шират лаги и невистини, да им се извини на граѓаните и да даде одговор како ВМРО-ДПМНЕ влијаело на јавната набавка“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега