ВМРО-ДПМНЕ: Животот кој го вети Заев дојде само за него и соработниците
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на соопштенеито на СДСМ дека опозицијата го штити криминалот.
- Помина повеќе од две години откако СДСМ е на власт, а животот којшто го ветуваa дојде само за Зоран и Вице Заеви, за Анѓушев, Рашковски и нивните блиски. Граѓаните секој ден живеат се потешко. Аболицираниот Заев е на чело на криминалната банда која во овие моменти ја пустоши државата. Криминалната банда која што ја зароби државата, буџетската сметка ја користи за исплата на партиските пајташи преку криминални тендери и грантови, велат од ВМРО.
Криминалот и корупцијата добија епидемиски размери, а Заев, Спасовски, Царовска, Шекеринска и останатите го зголемуваат личното богатство.
- Ќе дојде денот кога Заев и неговите послушници ќе одговраат за ова нивно расипничко владеење. На следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада која целосно ќе се посвети да граѓаните во државата да имаат подобар и побезбеден живот, велат од ВМРО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа