Мицкоски: Јас сум подготвен и тука нема дилема дека знам која е целта на деспотската власт
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа гостуваше на Алфа ТВ каде рече дека очекува следно сценарио да биде неговото апсење.
Говорејќи за последната полициска акција во која беа уаспени десетина лица, меѓу кои и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека веќе има план во случај на негово апсење и дека е предмет на следење од страна на полициски службеници во Министерството за внатрешни работи.
-Имам јасен план во таков случај, свесен сум дека може до тоа да дојде, сум разговарал со луѓе од моето семејство дека со Заев и луѓето околу него се може да се очекува. Па и тоа да дојдат да ме приведат, ова е апел до луѓето кои се врткараат од специјална единица од МВР околу мојата куќа со изговор дека го набљудуваат училишниот двор во близина на мојот дом. Знам која е целта на оваа деспотаска власт, рече Мицкоски во гостувањето вечерба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа