Николовски: СДСМ од овој месец почнува теренски активности и средби со граѓаните

 

СДСМ ги заокружува промените и воведува нов систем на работа и делување, во интерес на граѓаните. Промените продолжуваат. Со почетокот на овој месец, јули, започнуваме и со теренски активности и средби со граѓаните, на терен, во маалата, во селата, во урбаните заедници, низ сите градови и општини, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Тој најави дека во текот на летот тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката.

„Започнуваме од утре во Пробиштип и во сабота од Штип. Продолжуваме секој ден на терен со граѓаните“, рече Николовски.

Новиот систем на СДСМ, додаде тој, значи редовно оценување на политиките, програмите и проектите на сите можни нивоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега