СДСМ: Наместо да се извини, ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да му наредува на обвинителството како да постапува
Иако лагите на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав се целосно демантирани и разобличени, од белиот дворец не престануваат да шират лажни вести на оваа тема, велат од СДСМ.
Пд партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството како и со какви мерки да постапува.
„Времето кога ВМРО-ДПМНЕ нарачуваше притвори и пресуди заврши со нивното заминување во опозиција.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на криминалот, лагите и деструкцијата, Христијан Мицкоски останува главен извор на лажни информации и невистини“ нагласуваат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа