СДСМ: Единствениот пат по кој ќе оди криминалецот Груевски е патот до казнено-поправна установа

 

„Се јави криминалецот во бегство Никола Груевски кој го украде половина автопат Миладиновци – Штип, бидејќи додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт автопатот не беше завршен ниту 50 отсто“ пишува во соопштение од СДСМ како реакција на фејсбук статосот на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Единствениот успех на осудениот криминалец Груевски во инфраструктурата се милиониските провизии што ги договараа со неговата десна рака Миле Јанакиески.

Заради криминалните интереси на фамилијата, заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ оставени беа бројни пропусти кои ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра.

Со надминување на пропустите конечно се изгради автопатот Миладиновци – Штип, а автопатот на провизиите Кичево – Охрид, забрзано се гради.

Криминалецот Груевски нека не се грижи за одржувањето на патиштата, единствениот пат по кој ќе оди кога ќе се врати е патот што води до најблиската казнено-поправна установа, каде го чека неговото столче во ќелија“ се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2019 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега