СДСМ: Димовски да не бара алиби туку веднаш да ја закаже седницата на Комисијата за избори и именувања

 

Илија Димовски да не се обидува да бара алиби, туку веднаш да ја закаже седницата на Комисијата за избори и именувања, за да започне постапката за јавен и транспарентен избор на члeнови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ, се вели во соопштението на СДСМ.

„Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува заложбата на СДСМ за слободни, професионални и независни медиуми.

Реформите во медиумите мора да продолжат. За таа цел мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ“, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега