СДСМ: На Мицкоски му е криво што Заев ги брани државните интереси
СДСМ денеска со соопштение за јавноста:
- Христијан Мицкоски слугува на туѓи интереси кои не сакаат нашата земја да стане дел од ЕУ и НАТО, кои се против напредокот и интеграцијата. Затоа Мицкоски е фрустриран и не може да се помири што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО. Уште еднаш се потврдува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните. Но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите лажни вести, манипулации, покрај сета нивна деструктивност, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре, велат од СДСМ.
Додаваат дека напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа