СДСМ: По кои протоколи Милошоски тајно по телефон договараше промена на име
СДСМ денеска со соопштение против ВМРО-ДПМНЕ:
- Наместо да шири лажни вести и покажува дека не разбира протоколи и начин на работа, ред е Антонио Милошоски да каже по кои протоколи тајно, по телефон договараше промена на уставното име и каде Милошоски има забележано дека Сашо Мијалков бил вклучен во тие преговори. По кои протоколи се водеше поранешниот министер за надворешни Антонио Милошоски кога во преговорите за името го вклучуваше шефот на тајната полиција, братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков?, прашуваат од партијата.
Милошоски како што целата јавност можеше да чуе, преку телефон на Груевски и Мијалков им нудеше предлози за ново име на државата далеку од јавноста, тајно, додаваат од таму.
„Сложено, посложено здравје“ велеше Милошоски, а тоа го слушнаа граѓаните.
- Нека покаже Милошоски службена белешка за овој телефонски разговор. Несериозно е лицето Милошоски денес да зборува за протоколи и безбедност, завршуваат СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа