СДСМ: Мицкоски кажи дали посегна по парите на еден од притворените

 

Христијан Мицкоски да не бега од јавноста туку да даде одговор дали се сретнал со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор. Ова го побара владејачката СДСМ од лидерот на опозицијата преку соопштение испратено денеска до јавноста.

- Христијан Мицкоски да не бега од јавноста туку да одговори  дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во позната дискотека, а потоа и во белиот дворец? Дали посегнал по парите на еден од осомничените, прашуваат денеска СДСМ.
 
Инаку, Мицкоски вчера на прес-конференција околу случајот „Рекет", рече дека зад него стои власта и побара притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега