СДСМ: Мицкоски се силеше па побегна од лидерска зошто се плаши од избори
Да беше навистина за предвремени избори Мицкоски ќе дојдеше да разговара за Изборниот законик и препораките на ОДИХР. Ова го велат СДСм денеска преку соопштение.
- Со тоа што побегна од лидерска, Мицкоски потврди дека не сака да разговара за предвремени избори туку да се побегне и од оваа тема. Се силеше Мицкоски вака и пред претседателските избори па ги загуби и претседателските и локалните во Охрид и Ново Село, велат од партијата.
Додаваат дека Мицкоски е на спротивната страна на граѓаните и државата и знае дека на било какви избори го чека уште еден нов пораз.
19.07.2019 - 13:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа