СДСМ: ВМРО направи огромни штети за земјоделците - Ние ги решаваме

 

Вработените на АД Водостопанство многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ поради криминални и профитерски причини го задолжи АД Водостопанство и ги остави вработените на цедило. Ова го велат денеска СДСМ на конференција откако опозицијата упати низа обвинувања кон нив.

- Лошото организациско менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ е причина за лошата состојба на АД Водостопанство. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше проблемите на вработените АД Водостопанство, СДСМ покажа што значи грижа и одговорност. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да одржува за нив препознатливи прес-конференции полни со лаги, да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ на владина седница донесе одлука да се подмират долговите на АД Водостопанство за работите да профункционираат. Претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ остави загрозена финансиска состојба на АД Водостопанство, СДСМ го препозна проблемот и го решава, велат од СДСМ.

Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежното министерство и институции ги презема сите мерки за рехабилитирање и реорганизирање на АД Водостопанство со цел наводнувањето на земјоделски површини низ цела држава да се одвива непречено.

- ВМРО-ДПМНЕ натрупа огромни проблеми за земјоделците, СДСМ ги решава, велат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега