СДСМ: Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите

 

Штитење на криминалци и сокривање на криминалот е одлика единственo на ВМРО-ДПМНЕ. Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипци кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал се вели во реакцијата СДСМ на прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна. Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура. Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста. Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара“, стои во реакцијата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега