Сузана Јошевска Анастасовска: Заев го пушти СЈО низ вода поради вмешаноста на Јанева

 

Има многу нелогичнопсти и недоследности во изјавите на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако во јавноста излегоа „аудио бомбите“ за случајот рекет, вели во интервју за Прес24, адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска. Таа нема никаква дилема дека кој и да било дру вака заплеткан во случајот, како што е Јанева, досега ќе бил во притвор и затоа според нејзе малку чудно е однесувањето на обвинителството.

-Не е јасно и многу е чудно однесувањето на обвинителството ако се земе во предвид дека оттаму имаме потврда дека и тие слушнале разговор со „јавен обвинител“ пуштен на интерфон. За секое друго лице, да не беше од големина и профил како конкретно посоченото, досега ќе беше во притвор, тоа гарантирам од претходни искуства и постапки. Навистина со нетрпение чекам образложение за однесувањето на обвинителството што дури не го одзеде ниту пасошот на Јанева после што сите си отидоа на одмор и допуштија како јавност да бидеме „бомбардирани“ со снимки кои оставаат горчлив вкус на селективност и политиканство во правосудството, вели Јошевска во интервјуто.

-Проблемот со нејзините изјави е што имаат недоследности и нелогичности. Никој досега во СЈО не може да ја поткрепи нејзината верзија за тоа со која цел биле контактите со „посредникот“ и со „лицето О.К“ како ги нарекува, а особено не обвинителката која го работела предметот и која почна да дава изјави кои сериозно можат да и наштетат на Катица Јанева. Доколку играш опасна игра на некакво спогодување каде нешто треба да се даде, како на пример пари во Буџетот и сведочење против други големи играчи, а за возврат да се избегне затвор, треба да си паметен, остроумен, да се обезбедиш од манипулации и игри. Таа самата призна дека не успеала, наводно била изманипулирана и според тоа, најмалку треба да понесе професионална одговороност која може да биде и кривична. Јас уште не можам да верувам на шпекулациите дека била „мозокот на операцијата“, дека земала „дел од колачот“ и слично, но можно е да грешам, вели Сузана Јошевска Атанасовска во интервјуто за Прес24.

Таа смета дека тоа што снимките се објавени, нема да и наштети на доказната постапка, но сепак тоа што обвинителствот досега не ги собра исказите од сите вклучени, може да им обезбеди предост на овие лице, кои сега знаат што и како има во доказните материјали. 

Верува дека и покрај се Кредибилитетот на СЈО може да се поврати единствено преку работата, но се сомнева дали тоа ќе му биде дозволено, со оглед на новиот концепт на законот.

-Заев во овој дел направи брза одлука за „контрола на штетата“ предизвикана од сознанијата за вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет, па низ вода го пушти цело СЈО како концепт, вели Јошевска.

 

ПРЕС24: Случајот Рекет ја бранува македонската политичка, но и општа јавност. Изминативе денови преку италијански медиуми станаа достапни дел од снимките за кои во јавноста се зборуваше дека постојат. Иако ОЈО засега не потврдува дали тие снимки се дел од доказната постапка што ја водат, сепак сакам за почеток да Ве прашам, дали ова јавно обелоденување на снимките може да ги контаминира и да оневозможи тие да бидат дел од постапката која треба да следува?

ЈОШЕВСКА: Не, снимките можат да бидат дел од постапката. Проблемот во јавното обелоденување е во тоа што се нарушува тајноста на постапката, што може да биде проблематично. Обвинителството досега, од неразбирливи причини, не зеде изјави од клучните лица, кои сега ги знаат содржините на снимиките, односно ги знаат доказите со кои располага обвинителството и со тоа можат „да спремат“ соодветни изјави, одбрани и контра-напади, во и надвор од постапката. Додека обвинителството да успее да ги земе изјавите, со ова темпо, којзнае уште што се ќе се изнаслушаме. Притоа, јасно е дека оној кој ги пушта снимкиите воопшто не му е гајле за постапката и на кој начин тоа влијае врз истата. Значи, само обвинителството и со тоа и ние како граѓани губиме.

ПРЕС24:  Што мислите кој е мотивот на објавувањето на овие снимки?

ЈОШЕВСКА: Мотивот е политички, тоа не се ни крие доколку се има во предвид денешната колумна и коментарите од новинарот кои ги следеа објавите на снимките. Објавувачот воопшто не е загрижен за правдата во Македонија, дали се спроведува доследно, брзо и непристрасно, туку концентрацијата ја насочува на политички наратив со пораки кон претставници на ЕУ и кон нашите власти.

ПРЕС24:  Од она што досега е јасно во овој случај е дека Специјалното Јавно Обвинителство е во центарот на случувањата. Катица Јанева ја потврди автентичноста на снимката, но вели дека со Камчев разговарала затоа што имало потреба во тој момент со цел да добие информации. Не ли ова малку очајнички,  ако веќе следниот ден новата снимка покажува појасен контекст, а никој не знае што ќе донесе следниот ден и евентуална следна снимка?

ЈОШЕВСКА: Проблемот со нејзините изјави е што имаат недоследности и нелогичности. Никој досега во СЈО не може да ја поткрепи нејзината верзија за тоа со која цел биле контактите со „посредникот“ и со „лицето О.К“ како ги нарекува, а особено не обвинителката која го работела предметот и која почна да дава изјави кои сериозно можат да и наштетат на Катица Јанева. Доколку играш опасна игра на некакво спогодување каде нешто треба да се даде, како на пример пари во Буџетот и сведочење против други големи играчи, а за возврат да се избегне затвор, треба да си паметен, остроумен, да се обезбедиш од манипулации и игри. Таа самата призна дека не успеала, наводно била изманипулирана и според тоа, најмалку треба да понесе професионална одговороност која може да биде и кривична. Јас уште не можам да верувам на шпекулациите дека била „мозокот на операцијата“, дека земала „дел од колачот“ и слично, но можно е да грешам.

ПРЕС24:  Автентичноста ја потврди и уште една обвинителка од СЈО, но вината ја префрли на Јанева. Во истиот ден и трета обвинителка, прстот го впери кон Катица Јанева. Што се случува во СЈО?

ЈОШЕВСКА: Тимот на Јанева, кој досега и беше лојален и кој стоеше позади нејзините постапки, очигледно не бил за се информиран и сега се чувствува предаден. Или си дел од тимот или си соло. Сега очигледно е секој за себе и секој за својата глава, кариера, професија што е вообичаена психологија еднаш кога ќе се почувастувате дека сте злоупотребени.

ПРЕС24:  Рекет трае повеќе од еден месец, период во кој и обвинителката која го води случајот тврдеше дека постојат индиции за вмешаност на обвинители од СЈО. Следуваше онаа серија со телефоните на Јанева, па серија медиумски написи, секојдневни прес-конференции на опозицијата, но конкретни чекори од ОЈО немаше. Дали според Вас, овде може да се препознае некаква селективност и овозможување нечија заштита во случајот?

ЈОШЕВСКА: Не е јасно и многу е чудно однесувањето на обвинителството ако се земе во предвид дека оттаму имаме потврда дека и тие слушнале разговор со „јавен обвинител“ пуштен на интерфон. За секое друго лице, да не беше од големина и профил како конкретно посоченото, досега ќе беше во притвор, тоа гарантирам од претходни искуства и постапки. Навистина со нетрпение чекам образложение за однесувањето на обвинителството што дури не го одзеде ниту пасошот на Јанева после што сите си отидоа на одмор и допуштија како јавност да бидеме „бомбардирани“ со снимки кои оставаат горчлив вкус на селективност и политиканство во правосудството. Апсолутно недозволиво и жално, после се што поминавме како граѓани и држава, прочките кои ги дадовме, надежта која ја вложивме, времето и парите кои залудно ги потрошивме и кои отидоа во неповрат. Сите се одговорни, секој со сопствена улога за овој ужас кој ни се случува.

ПРЕС24:  Цела јавност, па дури и владејачката партија бара некакво расчистување на случајот до крај, но како што сега стојат работите испаѓа дека крајот е кај Бојан Јовановски и уште еден осомничен. Колку е наивно да се верува дека мозок и организатор на милионски рекет може да биде лице како што е Бојан Јовановски, без каква било логистика, дали од СЈО, дали од актуелната  власт?

ЈОШЕВСКА: Не би ракла дека е крајот. Допрва е на потег обвинителството кое кога ќе се врати од одмор, кај да е, ќе преземе и некои чекори за конечно завршување на истрагата и давање на некаков официјален след на настаните врз основа на доказите кои ќе ги прибере. Во меѓувреме, за да се обезбеди што е можно поголема итност и транспарентност на постапката, мора како јавност постојано да алармираме, зборуваме, пишуваме. Мора да се разбуди целата правосудна фела, новинарите да бидат на висина на задачата и да истражуваат колку можат, да притискаат за одоговори и сите заедно како јавност да не дозволиме игри и сплетки, туку да бараме, да инсистираме на право, правда, неселективност без оглед за кого се работи и да се обидеме да бидеме дел од враќањето на довербата кој е срушена.

ПРЕС24:  Како капак на се доаѓа  веста од српски медиум, и тоа не кој било, туку медиум кој има директни релации со еден македонски медиум, поддржувач на актуелната власт. Насловната страница е со некаков исказ на Бојан Јовановски, кој директно го призива премиерот Заев. Теоретичарите на заговор нема да се сложат со можноста за некакви случајности. А и простата логика вели дека опозицијата нема капацитет да покрене една волкава меѓунардона медиумска хајка против власта. Тогаш кој стои зад сето ова?

ЈОШЕВСКА: Не се занимавам со шпекулации, не можам да коментирам потенцијални или измислени заговори ниту пак некогаш тоа сум го правела. За мене политиката позади ова не е на никаков начин интересна и доколку било што е точно од ова што се пласира, ништо нема да биде ниту ново ниту штотуку измислено .

ПРЕС24:  Може ли после се да се зборува за некаков кредибилитет на СЈО, и покрај обидите на дел од обвинителите во тоа тело да се дистанцираат од овој случај?

ЈОШЕВСКА: Јас ја застапувам тезата дека СЈО не е Катица Јанева иако може да се тврди дека формално-правно, токму тоа е, бидјеќи сите останати обвинители се нејзини заменици. Но исто така, Катица Јанева не е самостојно заслужна за безброј саати макотрпна работа на чесни луѓе кои до вчера ги нарекуваше тим, кои беа помогнати од уште толку чесни истражители, стручни соработници и техничка служба. Сите тие заедно вложија многу труд во работата на СЈО. Кредибилитетот на СЈО може да се поврати единствено преку работата, но дали тоа ќе му биде дозволено, со оглед на новиот концепт на законот, се сомневам. Заев во овој дел направи брза одлука за „контрола на штетата“ предизвикана од сознанијата за вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет, па низ вода го пушти цело СЈО како концепт.

ПРЕС24:   Ако СЈО беше синоним за некаква надеж за правна држава, дали по овој случај може да постои некаква надеж, или пак сонот за правда ќе остане заробен во политичките калкулации на партиите кои се менуваат на власт?

ЈОШЕВСКА: Ние уште долго ќе се давиме во капка вода, доволно за да не се удавиме целосно и така на цевче да живееме. Но тоа не е живот. Бар не оној кој ни беше ветен. Надежта нема да умре, но штетата е направена и таа ќе има последици долгорочни.

ПРЕС24:  Вие едно време бевте голем поддржувач на СЈО, од денешна дистанца ако се направи некој обиде за објективна анализа, настрана случајот Рекет, дали СЈО беше успешен модел, или пак само одигра улога за рушење на една и инсталирање на друга власт?

ЈОШЕВСКА: Јас тврдам дека СЈО беше добар модел кога се формираше и кога почна со истражување на бомбите. Но СЈО од старт имаше една голема маана, тоа беше членот 22 или рокот. Да не заборавиме, моделот на СЈО беше гласан и од тие кои беа најзасегнати во моментот, а тоа беа ВМРО-ДПМНЕ, па не е ни чудно што моделот имал маана. Сепак, ниеден модел на обвинителство не може да функционира бесконечно сам за себе. Тој мора да излезе и да се судри со нефукционални институции и судство и токму тоа се случи. Сепак, се почнува и завршува со човечкиот фактор. Ниеден закон, ниту едена реформа не може да е успешна ако луѓето кои треба да ја спроведат не можат за неа да гарантираат со својот потенцијал, интегритет и посветеност. Неспорно е дека СЈО одигра и важна, ако не клучна политичка улога, но мислам дека тоа беше посакуван нус-производ, а не цел на моделот.

ПРЕС24:   Колку актуелниот модел за законот за Јавно обвинителство, што власта и го понуди на опозицијата, што во основа беше и идеја на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде некаква реформа на овој систем која треба да гарантира независност?

ЈОШЕВСКА: Секој кој доаѓа на власт го реформира судството веќе 27 години. Дали нешто научивме? Единствено дека сами тешко можеме да реформираме било што, колку и поразително тоа да звучи. Тоа е поврзано со младоста на нашата демократија како систем, со нашата недозреаност како народ и со непрележаните детски болести на граѓанството кое никако да стекне имунитет и остро да бара правна држава. Можеби уште не сме сите свесни дека кога ќе го средиме судството во голем дел ќе ја средиме државата, таков домино ефект има силен и независен судски систем. Притоа, еден закон за јавно обвинителство не може да се нарече реформа. Менување еден закон е желба за спас и решавање на конкретен проблем, а тоа е се што оваа и сите претходни власти го прават. Плукни-залепи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2019 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега