Никола Мицевски: Рекетарската Влада мора да си замине, а предвремени избори се единствен излез од кризата
Press24: Во врска со последниот случај Рекет, речиси секој ден има нови моменти, но истрагата тешко оди. По недела дена скоро се викнати на распит специјалните обвинителки Јанева и Стефанова. Како го оценувате ова?
Истрагата за Рекет тешко напредува бидејќи во овој случај се замешани високи функционери на СДСМ и како ќе напредува истрагата така ќе се дознае кој се е замешан во овој случај. Сведоци сме дека за одредени политички монтирани случаи против опозицијата во најбрзо време се спроведуваат и се притвараат луѓе, додека сега од друга страна каде што јавно имаме снимки од јавни обвинители како организирале и спроведувале рекет во корелација со високи функционери на СДСМ истрагата се одвива многу споро и сеуште не се повикуваат на распит лица кои што очигледно се вмешани во рекетот. За жал ова е реалната слика во македонскиот правосуден систем. Случајот рекет ја загрозува и европската иднина на државата, сметам дека аферата Рекет ги урна надежите за почеток на преговорите со ЕУ.
Press24: Што сметате во која насока треба да оди истрагата? Се спомнува во разговорите и премиерот Заев...
Press24: Очекувате ли расплет за Рекет и кога е можно да се случи?
Граѓаните секојдневно гледаат во медиумите снимки, разговори како се спроведувал рекетот и кој го спроведувал рекетот, сигурен сум дека и обвинителството ги имаа овие, како и други доказни материјали. Во оваа прилика ги охрабрувам сите органи да не подлегнат на притисоци и независно, брзо и транспарентно што побрзо да да завршат истрагата.
Press24: По одморите во парламентот стартувате со расправа за текстот на законот за јавно обвинителство, кои се вашите очекувања, може ли нешто да се смени со оглед на тоа што е период на одмори?
Сакам да напоменам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат закон кој има единствена цел, амнестија на криминалот на Зоран Заев и заштита на сите оние кои се вмешани во Рекет. Ние нема да поддржиме закон чија единствена цел е пресметка со политичките противници од опозицијата.
Сметам дека законот за јавно обвинителство треба да биде исклучително квалитетен, кој што ќе гарантира независност на јавното обвинителство и да се донесе со консензус од сите партии во Собранието.
Press24: Што друго треба да се отвори како тема во парламентот?
Без разлика на ваквите околности ние како опоизција и понатаму како и досега ќе продолжиме да поднесуваме закони кои се во интерес на граѓаните, да зборуваме и дебатирам за актуелни теми и проблеми на граѓаните.
Пред нас е исклучително важен период на реформи во држаата, ќе се отвораат повеќе теми и ние како опозиција активно ќе учестувваме со наши предлози за подобрување на законските решенија.
Како што беше случај и досега, законите за Државната комисија за спречување на корупција, безбедносните закони и сите закони кој што имаа потреба од 2/3 мнозинство, а беа усогласени со ВМРО-ДПМНЕ и прифатени нашите забелешки беа подржани, додека сето она што има друга заднина ќе биде одбиено и нема да ја има нашата подршка.
Press24: Со оглед на многуте случувања, како афери, скандали, високиот степен на корупција се повеќе се зборува за предвремени парламентарни избори. Што мислите вие?
Сметам дека што побрзо се организраат предвремени парламентри избори толку подобро за граѓаните на Република Македонија. Секој ден со кој на власт е рекетарската влада на СДСМ и Зоран Заев е изубен ден за граѓаните и државата. Додека власта спроведува рекет и се богати, државата се празни и младите си заминуваат. Со цел ова што поскоро да заврши и Македонија конечно да тргне напред мораме да имаме предвремени парламентарни избори. Владата повеќе нема легитимитет и доверба кај граѓаните и затоа треба што поскоро да си заминат. Предвремни парламентарни избори се единствен излез од кризата во која што се наоѓа државата. Рекетарската Влада мора да си замине.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа