Словенечкиот амбасадор се запозна со можноста за инвестирање во Кочани

 

Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Бранко Раковец денеска го посети градот Кочани. За време на посетата амбасадорот Раковец се сретна со градоначалникот Ратко Димитровски.

Амбасадорот денеска се запозна со можноста за инвестирање во овој регион.

- Првпат сум во Кочани и пријатно сум изненаден од развојот на општината. Ја разгледавме можноста за инвестирање во кочанското стопанство, а исто така и да ја продлабочите меѓусебната соработка, рече амбасадорот Бранко Раковец.

 

09.10.2013 - 15:09
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега