Утре никаде без чадор

И утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб локален ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

 

09.10.2013 - 16:32
Фото: 
А1.он

најчитано сега