Косовските Срби добија уште еден претставник во Владата на Косово
Косовските Срби добија уште еден претставник во Владата на Косово. Се работи за Милан Здравковиќ кој беше именуван за министер без ресор во владиниот Кабинет.
- Одлука за именувањето на Милан Здравковиќ за министер ја донесе премиерот Хашим Тачи, врз основа на неговите надлежности кои произлегуваат од Уставот на Косово, како и другите владини правилници за организационата поставеност, соопшти косовската Влада.
Тој е четвртиот Србин член на Владата на Тачи, покрај Слободан Петровиќ кој е вице-премиер и министер за администрација и локална самоуправа, Ненад Рашиќ, која раководи со Министерствата за труд и социјална благосостојба и Далибор Јевтиќ кој е министер за прашања на заедниците.
10.10.2013 - 11:36