Косово ќе ги укине влезните такси за возила од јужна Србија

 

Денеска косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека ќе бидат укинати влезните такси за автомобили, кои во Косово влегуваат од јужниот дел на Србија.

Како што пренесе Блиц, оваа одлука ќе стапи во сила на 21 октомври. Целта е да се олесни слободата на движењето.

Тачи истакна дека Владата на Косово ќе го поддржи и формирањето на универзитет во јужна Србија.

10.10.2013 - 13:10
Фото: 
македенес

најчитано сега