СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ доцни седум месеци, случајот за кој денеска лаже е пријавен од тогашниот министер Николовски

 

ВМРО-ДПМНЕ како и за се останато, доцни со денови, месеци и години. И денеска од белиот дворец се шират лаги, невистини и дезинформации, велат во реакција од СДСМ преку соопштение.

„Денес, ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот.

Лаже ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здруженјиа на тутунопроизводители.

Вистината е дека на 18.02.2019 година или пред точно седум месеци, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Известувањето од Сојузот го препратил до надлежна институција, односно до Управата за финансиска полиција.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека има огромна разлика.

ВМРО ДПМНЕ штитеше криминал и тоа го прави до ден денешен.

СДСМ како одговорна партија, алармира и пријавува незаконско работење, без разлика кој е извршителот на незаконските дејствија и е за бескомпромисна борба против криминалот.

СДСМ не ниту суд, ниту обвинителство има надлежни институции за истраги кои водат предмети. Заврши времето кога белиот дворец беше и полиција и суд и обвинителство.

Денес, правосудните институции работат професионално и независно во интерес на правдата.

Секој одговара.

Оттука, апелираме до надлежните институции, за брзо расчистување на овој случај и соодветно санкционирање на виновниците“ се вели во паттиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега