Елена Ристеска без шминка: „Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености“
Иако има јавни личности кои се срамат да покажат како изгледат без грам шминка, но македонската пејачка Елена Ристеска изгледа дека нема таков проблем, барем така покажа на „Инстаграм“.
„Утрово се разбудив ваква.И имам широк нос, црвенило, акни, подочници, имам кратки трепки, несовршени веѓи и уште многу несовршености. И да , не сум совршена. А кому му е битно? Се сакам себе си, како и да е.
П.С. Не се гледа на фотката, но не сум доволно висока и не сум доволно слаба. Доволно? Според она што општеството го одредува дека е доволно. Па.. немојте никогаш да дозволите некому да направи да се сомневате во себе си. Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености“. Напиша Елена во описот на фотографијата.
Под објавата се нижеа само позитивни коментари кои и порачаа дека таа е прекрасна и совршена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа