Како акцијата „Претседавач“ го добила своето име?

 

Тврдењата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев дека по името на акцијата „Претседавач“ може да се заклучи дека акцијата е политички мотивирана, се невистина и претставуваат замајување на јавноста, велат извори од МВР.

Лидерот на опозициската партија денеска во Струмица изјави дека Шиповиќ е претседавач само 5 месеци на Советот на Oпштина Центар, што е контрадикторно на тврдењата на МВР дека аферата е отворена пред три години.

Сепак, извори од МВР велат дека Мирослав Шиповиќ пред да стане претседавач на Советот на Општина Центар, е исто така претседавач на Управниот одбор во фирмата „Машинопромет“.

-Името на акцијата е одредено според фунцијата на Шиповиќ во фирмата „Машинопромет“, каде е претседавач на Управниот одбор, велат извори од МВР.

11.10.2013 - 18:04
Фото: 
youtube

најчитано сега