Швајнштајгер му кажа збогум на фудбалот: „Драги навивачи, дојде часот“

 

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Германија, Бастијан Швајнштајгер ја завршува професионалната кариера како играч.

Екс играчот на Баерн и Манчестер Јунајтед, кој во последните две години играше во МЛС, веста на објави на своите профили на социјалните мрежи.

-Драги навивачи, дојде часот. Ја завршувам кариерата како активен играч на крајот од оваа сезона. Им се заблагодарувам на сите, Баерн, Манчестер Јунајтед, Чикаго и репрезентацијата на Германија. Направивте ова да биде незаборавно за мене. И секако, би сакал да и се заблагодарам на сопругата Ана Ивановиќ и на моето семејство за поддршката. Да му кажеш „збогум“ на фудбалот како активен играч ме прави малку носталгичен, но се радувам за новите предизвици кои се пред мене и со кои ќе се соочам наскоро. Ќе му останам верен на фудбалот, напиша Швајни на социјалните мрежи.

За репрезентацијата на Германија одигра 121 натпревар во периодот од 2004 до 2016 година и беше дел од тимот кој го освои Мундијалот во Бразил во 2014.

 
 
 
View this post on Instagram

Liebe Fans, nun ist die Zeit gekommen: ich werde meine aktive Karriere zum Ende dieser Saison beenden. Ich danke Euch und meinen Mannschaften @fcbayern, @manchesterunited, @chicagofire und @dfb_team - Ihr habt mir diese für mich so unglaubliche Zeit ermöglicht! Und natürlich danke ich meiner Frau @anaivanovic und meiner Familie für ihre Unterstützung. Mein Abschied als aktiver Spieler stimmt mich ein bisschen wehmütig, aber freue mich auch auf die spannenden Aufgaben, die mich bald erwarten. Dem Fußball werde ich treu bleiben. 1000 Dank für die gemeinsame Zeit, ich werde Euch immer im Herzen tragen! Euer Basti. Dear Fans, the time has now come, and I will be finishing my active career at the end of this season. I would like to thank both, you and my teams @fcbayern, @manchesterunited, @chicagofire and @dfb_team. You made this unbelievable time possible for me! And of course, I would also like to thank my wife @anaivanovic and my family for their support. Saying goodbye as an active player makes me feel a little nostalgic, but I am also looking forward to the exciting challenges that await me soon. I will remain faithful to football. Many, many thanks for the time we spent together, I will always have a place for you in my heart! Yours, Basti.

A post shared by Bastian Schweinsteiger (@bastianschweinsteiger) on Oct 8, 2019 at 7:00am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега