СДСМ: За две години ги покачивме пензиите за над 800 денари

 

Во очај и безидејност ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, лицемерие и лажна грижа за граѓаните. Ова го велат денеска СДСМ.

 - Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше пензионерите, пензиите ги усогласуваше надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори и без никаква логика. Со таквиот однос, создадоа огромна дупка во Фондот за пензиско осигурување. Денес, пензиите се усогласуваат согласно Закон, два пати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година, велат од партијата.

 ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со безидејност и лицемерие, додаваат од владејачката партија.

 - Денес, грижата за пензионерите е на прав пат, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение до јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега