Семејството се откажа од него бидејќи ѝ беше љубовник на сопругата на брат му - славниот фудбалер сега има 15. години помлада девојка
Легендата на Манчестер Јунајтед, 45-годишниот Рајан Гигс е во врска со 15 години помлада манекенка.
Селекторот на репрезентацијата на Велс и поранешен ас на Манчестер Јунајтед заплови во врска со Хелен Селинг Холт, а се запознале наводно на Олд Трафорд каде Хелен редовно пушта музика на настани.
„The Sun" пишува дека според извори, нивната врска започнала во април на свадбата на Рио Фердинанд и Кејт Рајт.
Имаа заеднички пријатели и се зближиле откако налетале еден на друг на неколку настани.
Хелен има скоро 10.000 пријатели на Инстаграм, каде често објавува фотографии од теретана. Во четврток вечерта, за време на натпревар на Јунајтед и Партизан, Хелен објави снимка од Олд Трафорд.
Веста за нивната романса доаѓа три години откако Рајан се разведе од сопругата Стејси, со која има 2 деца. Парот се разделил во 2016 година откако Гигс осум години бил во врска со Наташа, сопруга на неговиот брат Родри, поради што семејството се откажало од него.
Во очите на јавноста беше семеен човек, но на крајот се испаднало поинаку. Наташа веднаш ја прекинала врската со Рајан а како оправдување рекла дека Гигс постојано ја контролирал и манипулирал со неа. Набрзо се разделила и од неговиот брат.
Аферата внела немири во семејството, некои го поддржале Рајан, некои Родри, како неговиот татко Дениј Вилсон, легендарниот рагби играч, кој бил погоден од постапката на својот син и се одлучил на екстремна одлука. Тој се откажал од својот син и кажал дека тој за него повеќе не посто.
-За мене тој е само поранешен фудбалер и ништо повеќе од тоа - рекол татко му.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа