Петров: Многу ме нервира наративот дека воздухот е проблем на СДСМ
Проблемот со загадувањето е проблем на сите, а не само на одредени политички партии, рече потпретседателот на СДСМ, Коста Петров во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат.
„Сметам дека воздухот е проблем на сите. Мене многу ме нервира наративот дека воздухот е проблем на СДСМ, воздухот е проблем на ВМРО…не! За одредени работи, како воздухот, треба сите заеднички да седнеме и да кажеме, – да, проблем е, да реагираме и да покажеме проактивност. Постојат одредени теми за коишто мора да има консензус од сите политички партии. Тоа е воздухот, зголемена минимална плата, тоа се работи од коишто имаат бенефит сите граѓани и тука сметам дека воопшто не треба да има никакви политички препукувања“, рече Петров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа