Оваа година осум од 10 Грци ќе се обидат да ги намалат трошоците за греење

 

Оваа година осум од десет Грци се принудени да потрошат помалку пари за греење во споредба со минатата.

Анкетата која е спроведена по барање на грчката канцеларија на Светскиот фонд за природата, покажува дека високата цена на нафтата ги принудува Грците да ги намалат потребите или да бараат други алтернативи за затоплување.

Снабдувачите со гориво очекуваат намалување на продажбата оваа зима по зголемувањето на цените од 1,25 до 1,30 евра за литар, како резултат на зголемувањето на специјалната потрошувачка такса минатата година. Таксата се зголеми од 60 евра за 1.000 литри на 330 евра.

 

И минатата година голем број Грци се затоплуваа со дрва, што доведе до појава на смог  и загадување на животната средина во најголемите градови во земјата.

14.10.2013 - 16:31

најчитано сега