Ја исчистила 'рѓата во домот со една состојка во кујната - домаќинките ширум светот се задоволни

 

Џолин Изи споделила на една група на Фејсбук трик со кој 'рѓосаните елементи од купатилото ги довела до полн сјај со една едноставна состојка.

„Само што се преселив во прекрасна куќа, но тушот и шипката беа целосно 'рѓосани. Го решив проблемот со трик со кечап и фолија и останав без текст“ порачала таа.

Џо во групата објавила фотографија од столче кое имало траги од 'рѓа, а потоа ги покрила со кечап. Го оставила пет минути, па го отстранила со алуминиумска фолија. Во групата објавила три фотографии, а во описот напишала: „Пред и после кечап, 5-минутна работа, неверојатно.“

Нејзината објава собрала речиси 1.300 лајкови и преку 250 коментари. Корисниците на социјалните мрежи ги пофалиле резултатите. Еден рекол дека разликата е голема, додека друг рекол дека му е жал што нема 'рѓа во домот за да може да го проба овој неверојатен трик. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега