Проблемот се јавува веднаш по раѓањето: Откриена е најчестата причина за машка неплодност

 

Истражување спроведено во Британија покажува дека секој седми пар се соочува со проблеми и не може да добие бебе.

Во такви ситуации процесот на лечење најчсто е фокусиран на жената, но ризик од стерилитет е еднаков и кај двата пола.

Експертите тврдат дека деца родени со 10 проценти пониска тежина од просечната спаѓаат во ризичната група.

- Мораме да ги испитаме сите фактори кои факторите што произлегуваат од млада возраст за да го објасниме проблемот со плодноста што се јавува во зрелоста“, вели коавторот на студијата, Ен Торстед.

Податоци за тешнитата на бебињата е превземена од матичната книга, а потоа се поврзани со навиките и бројот на отомците на истите личности.

Исто така анализирани се различни фактори кои се однесуваат на индекс телесна маса во бременост, одвоеност од партнерот, возраст и пушење за време на бременост.

Најчесто поради оваа навика може да се родат бебиња со помала тешина.

На крајот утврдено е дека сите овие фактори се причина за неплоднсот во дури 55 отсто од случаевите.

-Пореметување кое се јавува во гениталиите може да бидат поврзани со стерилитет, но за тоа е потребно дополнително истражување, пренесува Торсстен, пренесува „Гардијан“.

Професорот од Универзитетот во Данди Кристофер Берет вели дека истражувањето е важно, но додава дека заклучоците треба да бидат проверени и во другите популации.

- Истражувањата покажуваат дека машката стерилитет се должи на факторите што се јавуваат при развој на матката и за време на самото раѓање. Дали е ова навистина вистинската причина не е добро разјаснето - вели Берет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега