ФОТО: Црвена долна облека и високи потпетици - Ријана со секси фотосесија
Убавицата од Барбадос, славната Ријана, жестоко влегла во 2020-та година, а огнените и провокативни фотографии веќе ги претставила како повод за 14-ти февруари, Денот на вљубените.
Бидејќи на тој ден се е во знакот на црвената боја, Ријана ја запалила имагинацијата на мажите во црвена секси долна облека, црвени халтери, црвена јакна, црвени потпетици...Се на неа е црвено!
На една слика која ја објавила на Инстаграм огнената Ријана позира во седната положба, додека на друга може да се види многу повеќе...Мислиме на гаќичките, но и на секси ставот со кој за само неколку минути маѓепсала повеќе од милион фанови на Инстаграм, кои не пропуштиле да "лајкнат".
А колку било само жешко зад камерите...
Станува збор за нова колекција за долна облека на Ријана по повод Денот на вљубените, како што и објаснила во описот.
„Нова година, нови подароци за Денот на вљубените! Подгответе се да направите најмногу во 2020-та во овие секси стилови", напишала пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа