Ламар со потресна порака за Коби: Бог требаше да ме земе мене и да го поштеди мојот брат
Проблематичниот Ламар Одом не може да поверува дека Коби Брајант трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
Ламар Одом долги години играше крај Коби Брајант во дресот на ЛА Лејкерс и од тој период може да се пофали со два шампионски прстени., а сега се огласи по трагедијата.
-„Се уште чекам медиумите да излезат со вест дека имале погрешни информации. Нема шанси Бог толку рано да го земе мојот брат. Знам дека поминав низ многу работи во мојот живот кога се дрогирав. Кога бев во кома, доколку Бог ми кажеше дека ќе ме земе мене а ќе го поштеди Коби, веднаш ќе прифатев. Во чест на мојот брат, утре ќе станам во 4 часот наутро и ќе одам во теретана! Те сакам брату“ – гласи дел од пораката на Ламар Одом на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа