Соиграч на Пандев изолиран од тимот поради коронавирусот

 

Фудбалскиот клуб Џенова го изолираше Едоардо Голданига поради страв од актуелниот коронавирус.

Соиграчот на македонскиот интернационалец, Горан Пандев засега нема никакви знаци на постоење на вирусот, но од клубот одлучиле да го изолираат од останатите играчи и да тренира посебно бидејќи живее во Кодоњо, Ломбордаија, реон кој се смета за жариште на коронавирусот во Италија.

Врз Голданига биле направени првични испитувања, но поради стравот на италијанскиот прволигаш тој најверојатно ќе го пропушти следниот натпревар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега