Трипуновски: Ситуацијата е алармантна, празните акумулации значат сериозно загрозување на земјоделското производство

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес посети три акумулации.

-Првенствено бев на Тиквешкото  езеро, потоа во Прилеп на Прилепското езеро и  сво Стрежево, битолско. Од она што можам да го видам овдека исто така ситуацијата е алармантна исто  како и  на претходните две акумулации. Стрежево  акумулацијата која што има капацитет од 120 милиони метри  кубни вода моментално  според информациите до кои  што дојдов има околу  45 милиони  метри  кубни  вода. Она што сакам да го  нотирам од оваа посета е дека оваа акумулација првенствено  водата се користи за пиење за Битола и Битолскиот регион секундарно е  во делот на индустријата односно РЕК Битола и терцијално односно трет приоритет е наводнувањето на земјоделските површини. Ако во моментот имаме 45 милиони  метри кубни вода тоа значи дека нареднава производна сезона земјоделска исто така ќе биде под знак прашање односно  ќе  нема доволно вода за наводнување, затоа што првите два приоритета кога ќе се употребат ќе остане практично акумулацијата без вода. Ова исто така е резултат на оној несериозен однос на менаџерскот тим и  нормално на владата на СДСМ предводена од тогашниот Зоран Заев сега технички премиер Оливер Спасовски и ова ќе значи една катастрофална ситуација во  нареднава 2020 година, рече Трипуновски.

Во наредниве денови, тој ќе ги посети сите останати акумулации во државата.

-Ќе алармирам дека ситуацијата е премногу сериозна и  дека треба да се превземат некои мерки се со  цел да се спречи оваа катастрофална ситуација, рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега