Заев: Парите мора да ги насочиме кон потребите на граѓаните, а не кон фикции и лудории

Со стабилизирањето на економијата и со последователниот економски раст се отвори простор за зголемување на платите, пензиите, се отвори простор за намалување на трошоците. Ова значи дека вложуваме во луѓето, а не во споменици и во фасади кои денес гледаме како се распаѓаат на посилен ветер. Ние имаме стабилен буџет, предвидлива фискална политика, сме ја ставиле економијата на здрави основи и кога се во прашање луѓето, тука нема дилеми – парите мора да ги насочиме кон потребите на граѓаните, а не кон фикции и лудории, изјави во интервју за Локално лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На прашање заразговорите кои ги достави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,Антонијо Милошоски до обвинителството, а во кои се слуша неговиот глас, поранешниот премиер вели дека во тие разговори убедува пратеници зошто е важно да се усвои Законот за јавно обвинителство.

– ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана – Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен, вели тој.

Според него, предизборната коалиција со Движењето Беса е нов исчекор кој може да го зајакне по структура и по фер поставеност, еднаквиот глас на секој граѓанин.

-Испишавме убава историја со предизборна мултиетничка коалиција на тоа сме особени горди, смета екс премиерот.

Во однос на сè поголемото иселување на младите од државава, Заев вели дека неговата влада ќе продолжи да инвестира и да работи на други теми поврзани со младите се со една цел – тие да останат тука и тука да ја градат својата кариера и својата иднина.

За економскиот бум кој го најавува опозицијата, доколку дојдат на власт, претседателот на владејачката партија посочи дека „нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за зголемување на платите и за инвестирање во инфраструктурата“.

– Мицкоски е губитник, неуспешен политичар, тој не знае економија. Мицкоски и Груевски ја покачија цената на струјата, ја задолжија земјата, а парите ги украдоа и ги потрошија на стиропор фасади. Најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ (ЕСМ) не може да води успешна економска политика. Затоа нема да ја добијат довербата од граѓаните, смета Заев.

Целото интерву прочитајте го ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега