Четири знаци кои покажуваат дека сепан не сте требале да почнете живот со партнерот

 

По забавување кое трае долго време, паровите обично сакаат да живеат заедно. На многумина тоа им е финансиско олеснување зашто ги делат трошоците, но не завршуваат таквите врски секогаш со брак.

Почнавте да живеете заедно од финансиски причини

Многумина кои изнајмуваат станови во град се одлучуваат да почнат заеднички живот со партнерот. Ова може да биде добро за вашиот паричник, но од друга страна, лошо за вашата врска и среќа. Во почетокот паровите сакаат што е можно повеќе време да поминат заедно, но подоцна може да дојде до караници и разидување во ставовите, како и до несогласување околку поделбата на куќните обврски. Во тој случај најдобро е да се раздвоите и да живеете одвоено, но не треба да ја прекинете врската.

Бевте среќни пред заедничкиот живот

Ако сфатите дека сте биле посреќни пред да почнете да живеете заедно, раздвојувањето би можело да го реши проблемот. Бевте задоволни од вашата врска и вашиот однос? Ако одговорот на ова прашање е „да“, тогаш вратете се на стариот начин на функционирање и продожите да живеете во одвоени станови, но ставете му до знаење на партнерот дека тоа го сакате зашто се надевате оти ќе го подобри вашиот однос.

Имате деца и за нив тоа ќе значи дека вашиот парнтнер не живее со вас

Одлуката за престанување на заедничкиот живот има најмногу смисла за паровите кои имаат деца од претходната врска. Некогаш родителите сакаат на тој кој не е родител на неговото дете да им помогне малку, но некогаш очекуваат повеќе, па остануваат во станот поради тоа што сметаат оти е добро за децата да имаат двајца родители. Сепак, за децата често е пдобро да не го запознаат новиот партнер додека не помине некое време, па би требало да видите што на вашите деца им одговара.

Вашите распореди и социјални потреби не се вклопуваат

По вселувањето се случува да сфатите дека вашиот начин на живот е некомпатибилен и оти мора да се вклопите со партнерот како знаете и умеете. Ако еден од вас работи трета смена, а другиот регуларна смена, можеби е подобро поради мир да живеете одвоено. Исто така, ако едниот од вас е подруштвен и сака да вика гости поради забава, додека другиот е интровертен и сака да има простор и време само за себе, најпаметно е да живеете во посебни станови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега