Арсовски: СДСМ не смее да ја покачи акцизата, граѓаните драстично ќе осиромашат

 

„Економската политика на Владата тотално ја осиромашува целата држава. Илјадници луѓе веќе остануваат без работа,  компаниите ги отпуштаат вработените од своите работни места, а никој не презема никаква мерка да им помогне и да ги избави од целата ситуација. Во моментов сведоци сме дека има предлог од страна на Владата да се покачи акцизата на нафтените деривати и горивата за 2 денара. Ова е недопустливо и невидено. Ова е единствената влада во Република Македонија којашто во моментов ја имаме, единствената влада во светот којашто наместо да им помага на граѓаните и компаниите во ваква економска криза, дополнително ги осиромашува“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Покачувањето на акцизата за два денара ќе значи катастрофално одразување врз стандардот на граѓаните. Тоа ќе значи директно товар на грбот на граѓаните, осиромашување за дури 35 милиони евра годишно. Имавме ситуација кога на почетокот на доаѓањето на СДСМ на власт Владата донесе законска уредба да се покачи акцизата за 3 денари, што значеше годишно удирање на грбот на граѓаните за над 48 милиони евра.

„Во моментов доколку се донесе предлог од стопанските комори, а прифатено од Владата, да се покачи акцизата за 2 денара, тоа ќе значи над 35 милиони евра директно врз грбот на граѓаните. Ова ќе значи дополнително покачување на животниот стандард, ќе значи дополнително покачување на патниот транспорт, ќе значи покачување на транспортот на стоки, ќе значи покачување на прехранбени продукти и сите други. Целата спирала ќе влијае врз покачување на животниот стандард на граѓаните коишто дополнително во моментов се осиромашени и голем дел од нив не се на своите работни места, односно секој десетти граѓанин од приватниот сектор е отпуштен од своето работно место.На Република Македонија и на граѓаните во моментов најмалку им треба ова како мерка, дополнително најмалку им треба формирање нова транзициона елита како во деведесеттите години, кога голем дел од фирмите беше затворен, а граѓаните оставени на улица. Оваа мерка ќе влијае врз стотици и стотици мали и средни претпријатија, постои можност да се затворат истите или да ги отпуштат своите вработени од работа.

Во моментов можам само да истакнам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваме  мерката што беше донесена од Владата за помош на луѓето со една плата, односно за месеците април и мај. Но, мораме да потенцираме дека иако ја прифатија мерката предложена од ВМРО-ДПМНЕ, истата треба да биде и за месец март, што директно ќе значи помош за граѓаните.

Наместо оваа влада да помага на граѓаните и компаниите, удира по грбот на граѓаните, наместо да донесе уредба на граѓаните да им се исплати плата и за месец март, тие сакаат да воведат акциза од два денара која  ќе ги осиромаши уште повеќе. Не смее да се донесе  мерка за покачување на акцизата“, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега