Честитка на Мицкоски по повод католички Велигден: Празникот да Ви донесе мир и благосостојба

 Посакувам овој ден и овој празник на католичките верници, да им донесе мир и благосостојба во своите семејства и да се радуваат, затоа што доброто секогаш триумфира, а правдата ја победува неправдата, наведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката до скопскиот бискуп и апостолски агзарх Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

– Денеска се празнува спасението, кога Бог му подари на човека неискажливо ослободување од секаква тага и несреќа. Народот не залудно го нарекува Велигден, денот кога животот ја победува смртта. Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почуствуваме убавината на животот. Бог нека не води да ги победиме сите премрежија и оваа зараза која демне човештвото. Заедно обединети и истрајни ќе победиме, наведува Мицкоски во чеситката.

Тој натаму им посакува здравје за болните и посочува дека во неговите мисли се и докторите, здравствените работници и сите оние кои се во првата линија против заразната пандемија.

– Но, исто така не можам, а да не ги споменам и оние кои за жал ги чуствуваат директно економските последици од кризата и останаа без работа. Посакувам побрзо застанување на нозе и економска стабилизација и сигурност. Сите што го празнуват Велигден да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови и овој голем, Велигден да го празнуваме довека сложни, здрави и среќни. Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!, истакнува Мицкоски во честитката по повод католички Велигден

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега