ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба од приемни испити на факултети, СДСМ да не се меша во работата на професорите

Денеска по месец и половина повторување од страна на Централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, функционер на СДСМ, Љупчо Николовски изјавува дека размислувале за укинување на матурата.И после месец и половина немаат одлука, туку размисллуваат и повторно прават грешка. Им препорачуваат на факултетите да спроведат приемен испит затоа што ќе имале голем наплив за упис на студенти. Бидејќи немаат идеи и не знаат самите да го решат проблемот им препорачуваме внимателно да читаат и да слушаат што зборуваме скоро 2 месеци.

Ова денеска го соопшти ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

-Не мора да има приемни испити, не мора, ако учениците се оценат со средна оценка изведена од претходните години, првото полугодие од оваа учебна година  и ангажманот за време на далечинското учење. Од каде идејаа дека повеќето ученици би се одлучиле за факултет, различно од претходните години? Тие планираат сите да ги оценат со петки? Па не се тие наставници. Наставниците оценуваат, не СДСМ, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека се сигурни оти наставниците и со намалени плати ќе си ја завршат работата чесно и одговорно.

-Наместо да им се мешаат на наставниците во работата подобро е да прават стратегија за тоа што ќе прават во август и септември за децата кои не се опфатени со далечинското учење, што со децата со посебни потрби и што со илјадници студенти кои ќе треба да ја надокнадат практична настава, колоквиумите и да полагаат испити, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега