Клиничката болница во Битола добива акцелератор

Битолската клиника „Д-р Трифун Пановски" ќе добие акцелератор. Ова вчера го најави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Министерот Тодоров информираше дека во установата направени се 600 интервенции во современа факохирургија, односно нова метода за отстранување катаракт и високи диоптрии на очите, а досега се направени и 160 самостојни интервенции на срце од обучен битолски лекарски кадар.

- Kардиоваскуларни заболувања, факохирургија, акцелератор, со тоа клиничката болница во Битола станува сериозен здравствен центар не само во Македонија туку и во регионот. Набавивме опрема, инвестираме во инфраструктурата, но работиме и на едукација на лекарите. Годинава 31 лекар и медицински сестри од оваа болница беа испратени на едукација во странство за методи кои досега не се работеле или се работеле, но има потреба од дополнителен тренинг. Овие доктори се враќаат со дополнителни знаења, со што се влијае врз квалитетот на здравствената услуга во Битола - изјави Тодоров, пренесе Курир.

22.10.2013 - 09:54

најчитано сега