Хорор: Убил дрвосечач па го полил со бензин и го запалил

 

Јагленосано тело на дрвосечач од Босна и Херцеговина било пронајдено во неделата во шума кај селото Сврачково кај Ариље, Србија. Полицијата го привела 47 годишниот М.М поради сомневање дека го извршил убиството на работникот Р.Т.

Телото на Р.Т. било пронајдено по девет дена откако домаќинот кај кого престојувал го пријавил неговото исчезнување во полиција. 

- Глетката на шумскиот пат беше морничава. Телото беше јагленосано, а делови од него беа носени од животните, вели сведок за српските медиуми. 

По убиството телото  на убиениот било запалено со бензин.

22.10.2013 - 11:14

најчитано сега