ВМРО-ДПМНЕ: Народот гледа дека се неспособни и неодговорни, неминовен е изборниот пораз за двоецот Заев – Шекеринска

Радмила Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев се лицемерни. Нив не ги интересира здравјето на граѓаните ниту пак економската катастрофа со која што се соочува стопанството во Македонија, ова денеска стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нив ги интересира само како да го намалат изборниот пораз, нова амнестија на криминалот и дополнително исцрпување на буџетот каде што успеаjа да испумпаат 120 милиони евра за само три месеци. На изборите кога и да се случат неминовен е поразот на погубните политики на двоецот Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Граѓаните јасно гледаат дека власта на Заев е неспособна и неодговорна и крајно лошо ги менаџира последиците од економската и здравствената криза поради корона вирусот, додаваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега