ВМРО-ДПМНЕ: Ниту Заев, ниту Пендаровски, ниту Спасовски не смогнаа сили да се поклонат пред ликот и делото на Делчев

Ниту Зоран Заев, ниту Стево Пендаровски, ниту Оливер Спасовски не смогнаа сила да се поклонат пред ликот и делото на Гоце Делчев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата, јавноста заслужува одговор зошто ниту Заев, ниту Пендаровски, ниту Спасовски не положија цвеќе и не оддадоа почит на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев.

-Дали можеби причата е согласноста со советникот на Пендаровски, Денко Малески за потеклото на Делчев? Можеби и кај нив се појавила совест па се свесни за злото кое и го нанесоа на македонската држава и македонскиот народ откажувајќи се од македонскиот идентитет, јазик, историја, откажување од сето она за кое Делчев се бореше. Негаторскиот однос на соседите кон македонскиот идентитет е токму резултат на надворешната политика Заев и Пендаровски. Преговарањето околу македонскиот корен на Делчев кој е столб на современата македонска држава е срамно, Република Македонија не смее да дозволи истото да биде преговарано или договарано на зелена маса. Делчев е човекот којшто обединуваше, тој  загина за независна и суверена македонска држава, Делчев е Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега