Костадинов: Веднаш по нормализација на состојбата со коронавирусот треба да се оди на избори

 Ставот на СДСМ е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори, бидејќи тоа важно и за економијата, а одговорно е и да имаме демократски избори и функционален Парламент, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Секако дека во однос на ставовите на СДСМ морам да кажам дека се во континуитет конзистентни и непроменливи. Од самиот почеток на корона кризата нашите ставови се максимално да се почитуваат препораките коишто доаѓаат од кризниот штаб, епидемиолозите и стручните лица кои се соочуваат и се борат против Ковид-19, нагласи Костадинов

Костадинов нагласи дека според последните мислења и заклучоци на експертите, епидемиолозите и лица кои навистина ја разбираат оваа проблематика, ние се наоѓаме во фаза каде вирусот Ковид-19 полека го губи интензитетот.

– Нашиот став е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори. Зошто? Заради тоа што е тоа важно и за економијата, секако имајќи ги предвид и мислењата што кружат низ Европа и светот дека можеби не очекува и некој нов бран на Ковид-19 вирусот, одговорно е да имаме демократски избори и функционален Парламент, истакна Костадинов одговарајќи на новинарско прашање дали брзи избори би биле погодни за македонското општество и економија кои се погодени од корна кризата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега