Мицкоски: Опаѓа бројот на тестирани затоа опаѓа и бројката на новозаразени

Македонија е на второ место на Балканот по бројот на смртност, веднаш по Словенија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Отворено студио“ на ТВ 24.

-Ако ги гледаме бројките по трите основни параметри по која што можеме да ја цениме успешноста на мерките, тоа е бројот на луѓе кои што го загубиле животот на милион жители, бројот на луѓе кои што се инфицирани на милион жители, и бројот на тестови направени на милион жители. И доколку се анализираат 10 држави од регионот ќе видите дека Македонија е во долната половина, појасни Мицкоски.

Вели дека по бројот на луѓето кои што го загубиле животот на милион жители во регинонот Македонија е втора по смртност веднаш по Словенија.

-Ако го гледаме бројот на заболените на милион жители ќе видиме дека сме трети. Ако го гледаме пак бројот на тестирани од 10 сме на седмо место. Така што бројките тука морам да признаам не се на наша страна, но секој човечки живот спасен навистина е голем успех, бидејќи секој човек вреди, нагласи Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега