ВМРО-ДПМНЕ: Економијата тоне, дупката во буџетот ќе биде 1.3 милијарди поради неспособноста на СДСМ

Зоран Заев повторно лаже на ангро. Македонија тоне, а тој вели блескаме. Сме биле најдобри. За да при крајот на емисијата да сврти и да каже дека сепак следуваат тешки денови за економијата се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за „Отворено студио“.

Според партијата, економијата ќе помине низ тешки моменти поаради, како што велат, аматеризмот на СДСМ и кражбата која ја приредија изминативе 3 години.

 -Економијата нема свежи пари, фирмите се оставени сами на себе, владата одвојува најмалку пари за стопанството од цела југоисточна Европа. Економијата е буквално на респиратори, преживува сама со сопствени средства. Заради неповолните услови голем дел од стопанствениците нема ни да аплицираат за средствата на владата, по цена и да трпат уште поголеми загуб, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вистинските штети допрва доаѓаат.

-Буџетската дупка која Заев ја направи само во првите три месеци од годината е 120 милиони евра, за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди. Тоа се пари кои ќе се позајмат и потрошат, едноставно ќе се покријат штетите од неспособноста на власта да менаџира со кризата. И на толку потрошени пари и расфрлани средства, не се најде ниту денар за набавка на заштитна опрема и дезинфициенси. Иако државата тоне, власта не презема одговорност. Напротив неодговорно почнува да се однесува и со здравјето на луѓето, па во ек на корона сака да оди на избори за да го ублажи поразот. Заев е подготвен да ја зарази цела нација, само за поразот да му биде помал, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега