Мицкоски: Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на ТВ24 истакна дека СДСМ и власта калкулираат и оставаат простор во спорот со Бугарија за и натаму да калкулираат и тргуваат со македонските национални интереси.

Тој најави дека лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај.

Останува на ставот дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од коронавирусот и во здравствена, но и во економска смисла, иако, како што вели, нема дилема дека кога и да се одржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

Според него актуелната власт лошо се справува со економските последици предизвикани од кризата со коронавирусот. Убеден е дека потежок економски период доаѓа во наредните месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега